Моќно, звучно и со силна сценска експресија, така синоќа настапија учениците од „Школата за тапани“ под раководство на Момчило Делев на завршниот настап од учебната 2024/25 година.
20-на дечиња, помали, и поголеми свиреа на тапани познати музички нумери на кoи домашната публика уживаше и аплаудираше.
Школата работи веќе две години и има реализирано бројни концерти за значајни локални одбележувања и манифестации, како и на познатиот фестивал „Вкуси го југот“ што се организира во Гевгелија. Децата ја делеа сцената и со големи музички имиња од Македонија, а синоќа ги оживуваа познатите музички рефрени од уште попознатите светски музички рок и поп групи.
Слушнете како звучи најмалиот тапанар од Школата, тоа е 7 годишниот Димитар Трајков кој вчера заврши прво одделение, а вчера вечерта го имаше и завршниот концерт со своите сокласници од „Школата за тапани“.
Меѓу џезерите од Школата има и девојчиња кои што со еднаква музичка страст како и сите ученици им пристапуваат на моќниот инструмент и го ставаат да звучи така како што тие ќе му диктираат со палките и удиралките.
Ова е настапот на Теодора Бацева, 8 годишна ученичка која ја посетува „Школата за тапани“ веќе една година. Таа пред гевгелиската публика се преттави со нумерата „Тoxicity“ од групата „Ѕistem of a down“. Моќно нели?
Школата функционира веќе два години како воншколска активност на децата под закрила на Домот на културата во Гевгелија.
Браво деца, чекаме уште концерти од вас!