Млада богданчанка се сомничи за извршена измама поради што „заработи“ Кривична пријава.
Подносител на Кривичната пријава е Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар која кривично ја терети А.Ј.(23) од Богданци.
Основ за поднесувањето на Кривичната пријава е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Имено, на 19.08.2024, преку социјална мрежа, пријавената контактирала со 42-годишна жена од Гостивар и лажно се претставила како агент за издавање на апартмани за летување во Република Грција, при што ѝ побарала износ од 17.250 денари за седум ноќевања, кои оштетената ѝ ги уплатила на сметка без договор за закуп, а летувањето не го реализирала.
КП е доставена до Јавното обвинителство.