МИЛА ЗАЈКОВА – ПРВЕНЕЦ на генерацијата полуматуранти 2025, ДАВИД МАЈСТОРОВ- посебно истакнат, ООУ “В.Кантарџиев”.
Одлуката ја донесе Наставничкиот Совет при ООУ ” Владо Кантарџиев” Гевгелија каде Мила го заврши своето основно образование со петки, со награди од натпревари, со посветено учество на ученички активности.
Таа за својот забележителен успех во основнотообразование доби Диплома за Првенец на генерацијата која и’ ја врачи директорката на училиштето Ружица Икономова.

Наставничкиот Совет на училиштето за посебно истакнат го прогласи ученикот Давид Мајсторов за одлични постигнати резултати и успешно претставување на училиштето!
Давид доби Пофалница како признание за неговиот истакнат успех во текот на основното образование, а истата му ја врачи директорката Икономова.

Упатуваме Честитки за првенката и истакнатиот полуматурант!
Честитки за сите полуматуранти и среќно во средното образование! 🍀