Попладнево, нешто пред 15 часот на Булевар „Гевгелија“ во близина на семафорите се судрија две патнички возила марка „Рено“ и „Мерцедес“ и двете со гевгелиски регистарски ознаки, управувани од две гевгеличанки.
Колони возила ги заобиколуваат остатоците од искршените возила од сообраќајната несреќа.
Причинета е голема материјална штета.
За среќа нема повредени, но има расплакани деца, сведоци на несреќата и вознемираните возачки на автомобилите, учеснички во сообраќајната несреќа.
Се чека увид од ПС Гевгелија.
Избегнувајте ја оваа патна насока додека заврши стручниот увид.