Дојранското езеро деновиве е место на многу посетители, гости намерници и за летување, и за еднодневно уживање, како транзитните туристи од Србија, Романија, Бугарија… Дење нуди разладување, ноќе езерска свежина која облагородува со смиреност и терапија за очи со езерско виножито, во боите на Дојранскиот спокој.