Овој викенд 23 атлетичари од АК „7 Ноември“ Гевгелија учествуваа на трки во Грција и постигнаа завиден и доминантен резултат со освоени 13 подиуми, од кои 8 за освоено ПРВО место, 3 за освоено ВТОРО место, 2 за ТРЕТО место, 1 за освоено Четврто место и забележително Шесто место во категоријата сениори.
Ова е доминантна атлетска присутност на гевгелиските атлетичари на трките во Грција.
Првата трка се одржа во градот Палео Агионери каде на програмата беа „детски трки“, а малите атлетски сили на АК „7 Ноември“ Гевгелија освоија 9 подиуми: 6 победнички ПРВИ места, едно ВТОРО и два подиума за ТРЕТО место.
Ова се пласманите:
„Детска трка на 450 метри“
– КОСТАДИН СЕМЕНАКОВ – ПРВО место
– Томич Љубиша – успешно ја заврши трката.
„Детска трка на 650 метри“
– ГОРАН СЕМЕНАКОВ – ПРВО место
– МИМИ БИЦАНИН – ПРВО место во категорија девојчиња, и
– Петрова Катерина – освоено ТРЕТО место

„Детска трка на 950 метри“
– АНА БЕГОВА – освоено ПРВО место – категорија девојчиња
– ТОМЧЕ ПЕТКОВ – освоено ПРВО место – кaтегорија машки деца
– Божидар Цицмиловиќ – освоено ВТОРО место
– Марко Чучанов успешно ја истрча трката

„Детска трка на 1150 метри“
– МАКСИМ АНГОВ – освоено ПРВО место и
– Драги Итов – освоено ТРЕТО место

Вториот натпреварувачки дел беше резервиран за сениорите, на трки од 3 и 10 км. Овде на патеката истрчаа 14 учесници од Гевгелија и децата и сениорите, а подиумите ги делеа подеднакво без милост на годините и младоста, или возраста. Така, постигнати се овие резултати:
Трка на 3 километри:
– АНА БЕГОВА – ПРВО место
– Цеца Србова – ВТОРО место
– Натка Стоева и
– Камелија Србова

Трка на 3 километри, машки:
– ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ – убедливо ПРВО место
– Максим Ангов – ВТОРО место
– Томче Петков,
– Стојан Иванџиков
– Ѓорге и Марко Чучанови ја истрчаа успешно целата траса.

Трка на 10 километри, мажи:
– АНЧЕВ ТОДОР – освоено ВТОРО место
– Дарко Прошевски – освоено ШЕСТО место
– Перо Марков и Игор Коцевски успешно ја завршија трката и добија финишер медали.

Најуспешен поединец во овој спортски викенд е брзоногата Ана Бегова која освои две ПРВИ места на 950 метри и на 3 км во конкуренција со сениорите.
Најуспешно спортско семејство, членови на АК „7 Номеври“ Гевгелија е триото Семенакови кои дома понесоа три пехари за ТРИ освоени први места, Костадин на 450 м, Горан на 650 м и Влатко Семенаков на 3 км. Крушата под круша паѓа и младите Семенакови „паднаа“ во спортските води и атлетиката по стапките на својот татко, спортист, спортски тренер, професор по спорт и голем Татко!
Честитки за сите учесници и за добитниците на пехари!
