Српска државјанка е пронајдена во несвест вчера утрото на плажата Макригијалос во Пиерија (Катерини), соопшти денес грчката крајбрежна стража. Таа е вториот српски државјанин што почина во Грција за две недели.
Жената (73) била пренесена со возило на брза помош во Здравствениот центар Егинио, каде што била констатирана смрт, јавува Атинската новинска агенција.
Како што е наведено, во тек е истрага од страна на Централната пристанишна управа на Солун.
Пред две недели, на 4 јуни, почина и 73-годишна жена, чие тело беше пронајдено во морето во близина на Касандра, а службата за брза помош ја прогласи за мртва.
Индикативно е прашањето: Никој ли не алармирал дека ги нема жените на летување во Грција, сами ли летуваат, сами ги пронаоѓаат сучајно на плажите онесвестени… Треба ли здравствена едукација дека не треба целодневно да се изложуваат на сонце овие госпоѓи во поодминати години, да лешкарат на плажа, сонцето влијае на организмот дури и во сенка…
Обдукцијата и истрагата треба да ги дадат неопходните одговори за смртта на несреќните српски туристкињи во Грција.