Рано во неделата, САД започнаа напад врз три ирански нуклеарни објекти – Фордо, Натанц и Исфахан – користејќи невидливи бомбардери Б-2 Спирит вооружени со бомби „Massive Ordnance Penetrator“ (т.н. „бункер-разбивачи“). Исфрлени се 12 бомби на тлото на Иран.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека операцијата била „многу успешна“ и дека сите цели биле погодени, а американските авиони безбедно го напуштиле иранскиот воздушен простор.
Овој напад означува драматична ескалација бидејќи е прво директно вклучување на САД во сегашната војна меѓу Израел и Иран, која трае веќе девет дена.
Претседатлот Доналд Трамп се заканува со повеќе напади за да се елиминира капацитетот на земјата да го збогати својот нуклеарен арсенал, ако Техеран „не склучи мир“.
Стелт-бомбардерот Б-2 Спирит беше клучен за успехот на нападот благодарение на неговите стелт карактеристики што му овозможуваат да ги пробие најсофистицираните противвоздушни одбрани до највредните и најчуваните цели.
Б-2 Спирит е американски стелт-бомбардер способен за интерконтинентални мисии. Тој е исто така единствениот тип авион способен да ги носи масивните бомби GBU-57/B Massive Ordnance Penetrator од 30.000 фунти (околу 13,6 тони).
Овие наведувани бомби „бункер-разбивач“ се дизајнирани токму за уништување на екстремно утврдени подземни цели – како што се нуклеарните објекти на Иран закопани длабоко во ридовите.
Реакции на светот на американските напади врз Иран
Иран – Во својата прва јавна изјава по нападите, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини САД за кршење на меѓународното право.
Израел – „Честитки, претседателе Трамп. Вашата храбра одлука да ги нападнете нуклеарните објекти на Иран со неверојатната и праведна моќ на Соединетите Американски Држави ќе ја промени историјата“ – рече премиерот Бенјамин Нетанјаху на државната телевизија.
Обединети нации – „Длабоко сум вознемирен од употребата на сила против Иран од страна на Соединетите Американски Држави денес“ – рече генералниот секретар Антонио Гутереш.