Културно-уметничкото друштво „Негорци“ од Негорци синоќа беше домаќин-организатор на „Детски фолклорни смотри“ насловени како „На сред село во Негорци“ каде учество зедоа 13 фолклорни друштва од Македонија.
Најпрво низ улиците на Негорци беше изведено богато дефиле со сите учесници – младост, радост, разиграност во центарот на Негорци, се крена и младо и старо да ја види оваа убавина:
Играорците не можеа да ја дочекат сцената за мегдан, туку поведоа оро сред село и незаборавната песна „Македонско девојче“ испеана од грлата на стотици играорци:
Средбата беше пријатна и полна со живот и игра, па ората се редеа во низа од нагизданите девојчиња и момчиња во традиционални македонски носии:
Културната програма продолжи на сцената во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци каде настапија фолклорните друштва: КУД „Негорци“, фолклорната секција „Богородица“, КУД „Младост“ од Јосифово и КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица, КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, КУД „Бахар“ од Чалакли, Валандово, КУД „Браќа Толеви“ од Прдејци, Фолклорното студио „Етнос“ од Скопје, Ансамблот „Китка“ од Истибања, ансамблот „Тиквеш“ од Кавадарци, како и со гостите од Велес- Ансамблот „Керамичар“, „Осоговски извор“ од Оризари и КУД „Глигор Прличев“ од Скопје.
Вака се претставија домаќините од КУД „Негорци“:
Фолклорната манифестација во Негорци е дел културната манифестација „Гевгелија град на културата за 2025“ и поддржана од Министерството за култура на Македонија и општина Гевгелија.
КУД „Негорци“ се покажа како одличен домаќин пречекувајќи над 350 членови на КУД кои гостуваа и учествуваа на „Детските фолклорни смотри“, а со срдечен пречек и аплаузи за настапот ги награди и тамошната публика.
Манифестацијата „На сред село во Негорци“ го докажа своето значење за негувањето и чувањето на фолклорната традиција со пренесување на оваа наша убавина и на младите генерации.