Димитар Узунчев со 23 погодоци е на 6-то место на листата на стрелци на ракометниот мундијал во Полска и се најде на листата од ТОП 10 стрелци.
По групната фаза во одиграните три натпревари младиот гевгелиски ракометар ги затресе мрежите на противникот 23 пати, или во просек по 7,3 гола по натпревар, што го смести на 6-то место на листата на мундијалските стрелци. Димитар е пред стрелците на ракометните репрезентации на Данска, Германија, Норвешка, Франција.
Најмногу постигна против Исланд – десет, на Романија и даде седум погодоци, додека против Фарски Острови беше прецизен шест пати.
Инаку, Димитар Узунчев е некогашен ракометар на РК „Партизан“ Гевгелија, а денеска е десен бек кој растура на светските терени и е радост за македонските ракометни навивачи.
Ракометната репрезентација на Македонија ја очекуваат две средби од разигрувањето, дуелот против Мароко, а утре ќе играме против Мексико од 14:00 часот во „Арена Катовице“.