Македонската атлетска репрезентација испиша историја на Европското тимско првенство – Трета лига, кое викендов се одржа во Марибор, Словенија. Со вкупно 270.5 бодови и осмо место, нашите атлетичари го запишаа највисокиот пласман досега, заокружен со национални рекорди, медали и настапи кои ветуваат светла иднина.
Првиот ден од натпреварите мина во знакот на блескави индивидуални настапи:
Андреас Трајковски доминираше во скок во далечина со победнички скок од 7.83 метри.
Дарио Ивановски убедливо триумфираше на 5000 метри со фантастични 14:04.06.
Миљана Ристиќ испиша историја со нов национален рекорд на 3000 метри стиплчес – 11:49.49.
Брајан Авиа освои бронза во скок во височина, поставувајќи личен рекорд од 2.06 метри.
Машката штафета на 4×100 метри (Трајковски, Алексовски, Петров, Стојоски) не само што освои сребро, туку постави и нов државен рекорд – 40.89 секунди.

Вториот ден донесе нови страници во атлетската историја на Македонија:
Огнен Стефановски го урна 57 години стариот рекорд во скок со стап, поставувајќи нова граница од 4.05 метри.
Теа Алексовска блесна со нов младински рекорд во фрлање кладиво – 38.74 метри.
Четири национални рекорди, бројни лични најдобри резултати и најсилен пласман досега – македонската атлетика испрати јасна порака: напредуваме, растеме и градиме конкурентен тим за иднината.
Сцена по сцена, настап по настап, Македонија се пробива меѓу европските нации што имаат што да покажат.
ВИДЕО: Погледнете ја победата на Дарио:
View this post on Instagram
НАЦИОНАЛЕН РЕКОРД 4х100м штафета 40.89‼️
Освоено високото 2-ро место за огромни 14 бодови и гоема радост за целата репрезентација.
View this post on Instagram
Срушен Национален рекорд стар 57 години, постигнат во 1968 година, а соборен од Огнен Стефановски:
View this post on Instagram
Нов НАЦИОНАЛЕН РЕКОРД за Миљана Ристиќ на 3000м стплчес:
View this post on Instagram