Македонец на возраст од 19 години почина по давење во морето на плажата Ханиоти, на првиот крак на Халкидики. Момчето било извлечено во бессознание од вода и итно пренесено во здравствената установа во Касандра, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.
Според информациите од грчката Крајбрежна служба, до нивната канцеларија во Неа Мудања било пријавено дека млада машка личност е извлечена без свест од морето во попладневните часови.
Спасувачка присутна на плажата веднаш започнала со реанимација, користејќи автоматски дефибрилатор, а во спасувањето помогнале и неколку капачи. За кратко време пристигнал и волонтер-спасувач, кој продолжил со оживување заедно со тимот од Итната медицинска помош.
Во емотивна објава на социјалните мрежи, спасувачот напиша дека се бореле да го вратат младиот човек во живот, но борбата завршила безуспешно. Момчето било пренесено со амбулантно возило до здравствениот центар, каде што неговата смрт била официјално потврдена.
Тој на Фејсбук сподели потресна објава:
„19-годишно дете…
19-годишен ангел…
19-годишен несреќен млад човек од Македонија кој имаше срцев застој по давење на централната плажа во Ханиоти…
Имаше брза реакција на спасувачот од областа, или кој и да го извлече младиот човек со помош на неколку капачи, и ја започна постапката за реанимација.
Повикот беше примен во 16:45 и за 2 минути пристигнав на местото и почнав да му помагам на спасувачот да го вратиме детето во живот.
Имаше брз одговор од екипите од брза помош кои ја продолжија борбата, но за жал, без посакуваниот резултат…
Го транспортиравме детето до здравствениот центар, а јас бев во амбулантното возило со болничар и правев реанимација до болницата, додека возачот возеше брзо и внимателно колку што можеше. За жал, лекарите ја констатираа смртта на детето.
Луѓе, сè што можам да му посакам на светот и на вас е да бидете во добро здравје бидејќи, за жал, животот е краток.“
Телото на момчето ќе биде пренесено во Судска медицина во Солун, каде ќе се изврши обдукција, а грчките власти спроведуваат истрага за причините за трагичната смрт.