четврток, 14, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

Ова е првиот поголем пожар на отворен простор во државата за оваа летна сезона во кој ветрот го ширеше пожарот од опожарената депонија со опасност да ги загрози првите куќи од селото

јуни 29, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско
0
SHARES
478
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Попладнево, во атарот на селото Јосифово, општина Валандово избувна пожар во реонот кај депонијата по што зафати простор на сува трева, а пожарот помогнат од присутниот ветер продолжи да се шири со можност да ги загрози и опожари првите куќи од селото.

Први не терен пристигнаа ТППЕ Валандово со 4 возила и 7 пожарникари и ТППЕ Гевгелија со 1 возило и 3 пожарникари.

Related posts

Физичко насилство во Богданци

Физичко насилство во Богданци

август 11, 2025
Дождовите добредојдени и за Дојранското езеро

Дождовите добредојдени и за Дојранското езеро

август 5, 2025

Ветрот ја загрозуваше станбената област на селото Јосифово, насочувајќи го огнот кон куќите, поради што по барање на градоначалникот, преку бројот за итни повици 112, побарана е воздухопловна поддршка и дополнителни тимови за справување со пожарот.

Веднаш се активираше ЦУК и ДЗС кои во содејство со МВР испратија воздушна поддршка, односно беше ангажиран хеликоптер за гаснење од воздух.

Некаде кон крајот на денот силите на ТППЕ Валандово, ТППЕ Гевгелија и хеликоптерот на МВР ја завршија акцијата за гаснење и селото можеше да здивне од огнената закана – пожарот е изгаснат пред да настапи мракот.

Вака изгледаше на терен:

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов упати благодарност сите вклучени во гаснењето на разорниот пожар во Јосифово:
– „Голема благодарност до месното население, ТППЕ Валандово и Гевгелија, ЈП Комунален Сервис, МВР Валандово, ЦУК, ДЗС, Здравствен дом – Валандово, како и до сите други институции и граѓани коишто денес се вклучија во справувањето со разорниот пожар во Јосифово“ – напиша Костадинов на социјалните мрежи.

Ова е првиот поголем пожар на отворен простор во државата за оваа година и уште еднаш не’ потсети дека треба внимателност и одговорност во грижата за природата за време на летните месеци кога поради топлото време присутни се и пожарите

Од Центарот за управување со кризи АПЕЛИРААТ:
🔺 Бидете внимателни при движење и престој во природа.
🔺 Не палатe стрништа, отпад или огнови на отворено без контрола.
Само со одговорно однесување можеме да ги спречиме пожарите кои претставуваат сериозна опасност за луѓето, имотот и природата.

Од ЦУК известуваат дека во текот на денешнит ден имало регистрирани 25 пожари од кои 23 се изгаснати, а активни се 3 пожари.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Next Post

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Next Post
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Поздрав од ветровита Гевгелија

ВИДЕО: Поздрав од ветровита Гевгелија

2 месеци ago
Сообраќајна несреќа кај „Валандовско брдо“

Сообраќајна несреќа кај „Валандовско брдо“

2 години ago
Aнсамбл „Бојмија“ со успешен настап на фестивал во Едрене, Турција

Aнсамбл „Бојмија“ со успешен настап на фестивал во Едрене, Турција

6 месеци ago
Св. ПЕТКА – Денес се празнува според МПЦ денот на Св. ПАРАСКЕВА, Мајка Параскева

Св. ПЕТКА – Денес се празнува според МПЦ денот на Св. ПАРАСКЕВА, Мајка Параскева

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од денешниот полициски Билтен на МВР-ОВР Гевгелија
  • Се повлекува механизацијата од Дошница
  • Нов бран протести во повеќе градови во Србија, повредни 76 лица

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од денешниот полициски Билтен на МВР-ОВР Гевгелија

Од денешниот полициски Билтен на МВР-ОВР Гевгелија

август 14, 2025
Се повлекува механизацијата од Дошница

Се повлекува механизацијата од Дошница

август 14, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist