Седма сезона по ред редакцијата на 24Ракомет го избра Идеалниот тим на сезоната, како круна на завршеното првенство во машка конкуренција 2025. Како единствен и независен избор на најдобрите ракометари преточено во ALL STAR тимот е потврда за напорите, постигнувањата на секој ракометар што се нашол во потесниот избор. Меѓу избраниците е и младиот ракометар Димитар Узунчев од Гевгелија кој на првенството влезе во ТОП 10 стрелци, позиционирајќи се на 6-то место од листата на стрелци на Мундијалот што се одигра во Полска.
Во „ALL STAR тимот“ за сезоната 2024/2025 Димитар Узунчев е прогласен за најдобар МЛАД РАКОМЕТАР
МЛАД РАКОМЕТАР – Димитар Узунчев („Бутел“ Скопје)
Младинскиот репрезентативец го покажа раскошниот талент и во суперлигашката конкуренција и на одличен начин ја искористи укажаната прилика од „Бутел“ Скопје и тренерот Горан Кузманоски па беше еден од најдобрите стрелци.
Димитар освои 34,17% од гласовите на публиката на 24 ракомет за играч на својата бек позиција.
Се гласаше до 22 јуни на прашањето „СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ ФАКТОР X ВО МАКЕДОНСКАТА СУПЕРЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2024/2025?“ и понудени 55 спортисти ракометари од Македонија.
Се избираа најдобрите ракометари во машката Суперлига на Македонија во сезоната која беше најнеизвесна. Можеше да е гласа за најдобрите седум ракометари по позиции, како и за најдобар млад ракометар, одбранбен играч и тренер, но и играч што на некој од натпреварите беше „фактор X“. Во изборот на единствениот ракометен портал во Македонија – www.24rakomet.mk беа вклучени читателите, редакцијата 24Ракомет и новинари од повеќе различни македонски медиуми.
Играчите на секоја позиција што добија најмногу бодови се прогласени за дел од ALL STAR тимот.
Честитки за македонскиот ракометен голгетер од Гевгелија, и најуспешен млад ракометар на Македонија, Димитар Узунчев!