https://www.youtube.com/watch?v=mgkzSkWH8jwНа финалето од музичкото натпреварувачкото Балканско шоу на возрасни таленти „Никад није касно“ победник на публиката со најмногу гласови добиени преку Фејсбук-гласањето е македонецот Кире Науновски од Свети Николе.
Тој има 45 години, а со пеење започна од својата 16та година, па со музика се занимава веќе 30 години, пеејќи по забави, свадби. Пресреќен е за победата.
–„ Се чувствувам преубаво. Сите ми честитаат, членовите на жирито (Алка Вуица, шефот Маре, Енес Беговиќ), водителката Драгана Катиќ, оркестарот, сите. И сите отворено покажуваат дека ме почитуваат, а јас се трудам на сите да им излезам во пресрет, да стојам цврсто на земја, да не летам во облаци, бидејќи не сум таков, занесен. Сите се навистина добри, на сите им благодарам што гласаа за мене“ – вели среќниот Кире.
Ова е моментот на прогласувањето на победниците од Шоуто:
Кире изгледа свежо, претставително, културно. Таков го паметиме и од неговиот настап пред еден месец, на познатиот „Фолк-фест Валандово 2025“, значи продолжува со сценските настапи и на фестивали.
Кај многумина предизвика воздишки кога настапи со песната „Благујно дејче“ (во дует со пејачката Сара), од репертоарот на легендарната Есма Реџепова. Со внимание ги следевме и другите песни кои ги пееше и со кои ја освои публиката пред малите екрани. Признава дека е личност што има трема пред секој настап, но секогаш до него е неговата сопруга, која го храбри.
На сцената во „Никад није касно“ еднакво се снаоѓаше и со македонските и со српските песни.
Веднаш по триумфот, тој откри кому му ја посветува победата и за што особено жали во врска со победничката вечер.
- „Искрено не го очекував ова, бидејќи сите се навистина добри. Но, им благодарам на сите што гласаа на „Фејсбук“. Сакам искрено да нагласам дека жалам само за едно, а тоа е што човекот поради кој се пријавив не беше тука“, кажа Кире.
Науновски откри за кого станува збор.

„Во моето прво интервју реков дека се пријавив лично поради Жика, и многу ми е жал што тој не беше со нас вечерва. Му посакувам добро здравје“, изјави познатиот Македонец.
Науновски откри и дека сега планира посериозно да ја сфати својата кариера, па можеби дури и да сними песна.
– „Секако дека ќе одам во таа насока, бидејќи се занимавам со музика 30 години. Се надевам дека ќе тргнат работите на подобро“, порача тој.