Ниту еден час не траеше утешителната вест дека пожарот во валандовско и кај Ѓавото, богданско дека е ставен под контрола.
Ветрот кој и денеска е присутен на југот ги разгоре недогорените згариште од пожарот во Марвинци, валандовско.
Помогнат од ветрот огнот се шири по полето и го “голта” без надокнада земјоделскиот труд, горат лозови насади, горат земјоделски посеви.
Екипте на ТППЕ од регионот и денес се на терен.
Густиот чад од разгорениот, реактивиран пожар кај Марвинци, се гледа долж автопатот “Пријателство” како се извива нагоре, воден од северниот ветер на кај југ кон Погана, богданско.
Од денеска активен е и пожарот кај с.Паљурци, општина Богданци.
Екипи на ЈП “Македонски шуми” го контролираат теренот на опожареното подрачје кај Ѓавото кое е ставено под контрола од околу 13 часот.
Нема мир за ТППЕ единиците од југот.
За интервенирање од воздух, од ЦУК велат дека МВР ќе упати хеликоптер.