Вработените од ЈП “Македонски Шуми” – Гевгелија се активни на теренот на опожарениот простор кој од Грчиште, валандовско, стаса до Ѓавото, богданско. Тие со механизација и вода му пристапуваат на опожареното подрачје во напори да спасат се’ што е можно вклучувајки и земјоделски површини!
По 23 часови борба со огнената стихија пожарот во валандовско е целосно под контрола, објави зам.директорот на ЈП „Македонски шуми“ Кире Михаилов. Тој вели дека се прават напори целосно да се неутрализира пожарот.
Михаилов најави дека „Сите екипи ќе останат на терен се’ до целосното гасење на пожарот“ и се заблагодари за сиот ангажман на ТППЕ силите на терен од Валандово, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Кавадарци на ДППД Дојран, на 26 луѓе од подружниците при ЈП “Македонски Шуми” од Валандово, Гевгелија и Струмица, со зборовите: „Браво за ангажманот на сите луѓе на 40+ степени целзиусови“.
Пожарот во Валандовско започна вчера пред 14 часот во атарот на Грчиште, гореше сува трева и ниски грмушки, а ветрот го прошири на северо исток кон селото Ѓавото, општина Богданци. Пожарот остана активен цела ноќ каде пожарникарите се бореа да ги заштитат имотите на домаќинствата во Ѓрчиште.
Со ваква слика на огнени жаришта жителите на трите села на левиот брег на Вардар Марвинци, Грчиште и Ѓавото ја дочекаа ноќта 01 јули, пожарот не ги остави да здивнат од грижи дали нивниот имот ќе биде загрозен, или изгубен во огнот!?

Екипи на ЈП „Македонски шуми“ Подружница „Кожуф“ Гевгелија на терен се денеска од изгрејсонце, од 05 часот изутрина и интервенираа на 4 клучни точки на пожарот со цел целосно ликвидирање на огнената закана.
Засега истиот е под контрола, но ќе бидат присутни вработени на ЈП „Македонски шуми“ за контрола на теренот.