Петките, резултатите, наградите, успешното претставување на училиштето и неговите образовни достигнувања и’ ја донесоа титулата Првенец на генерација на полуматуранката Нина.
Одлуката ја донесе Наставничкиот Совет.
Нина заврши со основното образование како IX-В одделенка, под класно раководство на наставникот Звонко Бучков.
Дипломата за Првенец на генерацијата и’ ја додели директорот на училиштето Ѓорги Стамков.
Честитки за вредната ученичка. Да продолжи да биде вредна, успешна и среќна!