Градот на културата викендов ќе паузира со културните настани. Паузирајте ги и вие активностите на сонце од 11 до 17 часот, поради најавите за интензивни температури и UV индекс 9 што е многу висок и штетен по здравјето на човекот.
Министерството за здравство ја активира фазата 3 од програмата за заштита од топлотни бранови.
УХМР за денеска предвидува сончево и многу топло, со температири до 41 степен на Целзиусовата скала.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд
Чувајте се од топлото време и имајте убав викенд!