Од 28 јуни до 4 јули Фолклорната секција од Стојаково при ЗКУД „Бранд Петрушев“ Богданци учествуваше на Меѓународен фолклорен фестивал „Sarimsakli Trophy 2025“ во градот Саримсакли, Република Турција.
Ова е нивно прво меѓународно учество на фестивал во конкуренција помеѓу 26 фолклорни ансамбли од исто толку земји учеснички.
На првото меѓународно претставување Детската група на ЗКУД “Бранд Петрушев”- Богданци, Фолкорна секцја с.Стојаково се закити со ДВЕ значајни НАГРАДИ:
– ПРВО место за НАЈДОБРА СЦЕНСКА КОРЕОГРАФИЈА за фолклорниот приказ на песната “Билјана платно белеше”, и
– ПРВО место за поставката “Машка Поседница”.
– „Од 26 ДРУШТВА нашите играорци докажаа дека на сцена можат да бидат најдобри. Секоја успешна работа вродува со голем плод и успех, вие тоа го докажавте, и тоа пред огромна публика и 6 члена комисија“ – истакнаа од управата на „Бранд Петрушев“ не криејќи го задоволството од победата.

Малите фолклорни амбасадори го „скршија ледот“ за меѓународни настапи и како дебитанти успеаја да го претстават успешно Македонскиот Фолкор и нашата Фолклорна традиција и при тоа да освојат не една туку две победи. Заслужни за трудот се секако и кореографските напори на нивниот претседател и тренер.
Од фестивалот понесоа и Два Пехара и Две Дипломи за освоените награди.
При престојот на Фестивалот во Турција членовите на друштвото остварија прием кај градоначалникот на градот Ајвелик, Mesut Ergin каде освен разговорите во пријатна атмосфера и пријателство беа доделни Благодарници и поклони за 22-ти фестивал во Саримсакли.
За настап на фестивалот „Sarimsakli Trophy 2025“, без да ги знаат резултатите на децата играорци посветено помогнаа Општина Богданци, Месна Заедница Стојаково и локални фирми.
Им честитаме на играорците, посветениот ментор и кореограф и на спонзорите кои препознале квалитет и им помогнеле да се претстават интернацинално, надвор од Македонија.
