Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, јавува Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Земјотресот го почувствуваа и гевгеличани зошто градот Гевгелија и околните населени места лежат на иста трусна плоча како и Валандово.