Попладнево во 16:15 часот примена е дојава во ТППЕ Гевгелија дека над оранжериите во с.Николиќ, општина Дојран е регистриран пожар.
На терен веднаш се упатени екипи на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари и едно ПП возило, а исто така и Доброволното противпожарно друштво од Дојран со 3-ца доброволци и едно ПП возило..
Во моментот гори ниска шума, прнар, а активниот ветер на теренот не им е од помош на пожарникарите. Гори веќе два часа и нема дојава дека е локализиран.
Претседателот на ДППД Дојран Стојан Шулев посочува дека причина за пожарот е по се’ изгледа човечки фактор. Нема изгледи за самоопожарување на природата, нема молскавици, нема палење стрништа, но некој сепак оставил огнен траг зад себе.
На терен е командирот на ТППЕ од Гевгелија Игор Ризов кој лично раководи со акцијата за гаснење на пожарот. Огнот стаса и до напуштеното село Асанли, во општина Дојран. Густиот чад од огнот на фотографијата и извиеното „тело“ на чадот само се доказ за присуството на ветрот кој огнот го носи југоисточно кон населбата Николиќ.
Засега акцијата за гаснење се’ уште е интензивно во тек.

Вака посетителите на плажа Калдрма го забележаа огнот во дојранско.