Европратеничката Јовева, која има македонско потекло, во обраќањето пред европските пратеници рече дека нема да поддржи никакви измени кои подразбираат бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот. Во оваа смисла додаде дека македонскиот јазик е автентичен, а обидите за негово потиснување – модерна фикција.
- „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст“.
Ова беше пораката која европратеничката Ирена Јовева од Словенија на македонски јазик ја упати до бугарските европратеници на крајот од своето обраќање во Европскиот парламент на вчерашната дебата за извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава.
– „Ова е извештај за европскиот пат на земја кандидат исполнет со многу трње, пат на нација која била понижена и оптоварена толку многу пати, но сепак е подобра од многу членки во Унијата. Идентитет кој преживеал векови нема да исчезне поради еден глас, или вашето лобирање“, рече европратеничката.