Помош од јужниот сосед Грција стаса денеска попладне во Дојран и пристапи кон гаснење на пожарот во с.Николиќ. Помошта доаѓа со 2 канадери од типот CL-415, 2 ПП возила и 8 пожарникари. Од чадот Николиќ, село кој е на северниот брег од Дојранското езеро не може да се видат ниту куќите, ниту големата фабричка градба. Се е обвиткано во чад.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.
Додадоа дека испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, а грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето за помош.
Три дена гореше нискостеблеста шума кај с.Асанли, но денеска после пладне ветрот се засили до 60 км/час со правец од запад кон исток и ги донесе пламените јазици до селото Николиќ. Вака беше пред еден час.
До 18 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати.