Утрово од 6 часот хеликоптер на МВР е на терен во акција за гаснење на пожарот кој пред два дена избувна во с.Асанли, дојранско.
Околу 09 часот пожарот беше делумно локализиран. Хеликоптерот го собра ведрото со вода. По кратка обиколка на теренот со прелет над Асанли, воздухопловот се врати и ја продолжи акцијата за гаснење.
Денес трет ден гори во дојранско.
На терен се екипи на ТППЕ Гевгелија, Валандово, ДППД Дојран, ШС “Кожуф” Гевгелија и пилотот на МВР.
Ветрот кој е денеска присутен на теренот дува засилено со правец југоисток. Се задими во населбата Николиќ која е најблизу до опожареното подрачје. Жителите од Николиќ во страв на социјалните мрежи споделуваат видеа и порака „Страшно е луѓе. Ќе изгориме. Праќајте помош!“

Овие апели дојдоа и до нашата редакција.
Упатуваме апели до надлежните служби да се интензивира помошта во луѓе и противпожарни сили од соседството. Иако, на терен од вчера помага и локалното население од Ѓопчели, од Нов Дојран во напори да се локализира заканата од опожарување. Ветрот од вчера е засилен и му помага на огнот да „прогота“ нов простор, нова шумска маса за да „живее“.
Да се помогне на с.Николиќ, да се направи одбранбен појас меѓу пожарот и селото.
ИТНО!