И после 4 дена гаснење на пожарот над село Николиќ, и после интервенцијата на три воздухоплови денеска за спречување на огнената закана над селото и имотите, од 38 активни пожари во текот на денот во државата, пожарот во Николиќ, дојранско и понатаму останува активен.
Зам.дирекотот на ЈП „Македонски шуми“ К.Михаилов, кој беше на терен во Дојран оценува дека: „Денеска состојбата во Николич е стабилна во однос на населеното место и граѓаните. Денеска на овој пожар покрај нашите вработени во ЈП “Македонски Шуми”, делуваат околу 30 припадници на АРМ, ТППЕ Валандово, ТППЕ Гевгелија и Доброволно противпожарно друштво од Дојран. На пожарот во Николич денеска цел ден делуваат два хеликоптери и 5 ЕР Трактори!“
Сиот напор на ПП единици, на вработените во Шумските стопанства, на припадниците на АРМ, на 7-те ангажирани воздухоплови само ја олеснија сликата на пожарот донекаде, но без успех истиот барем да се локализира.

Вознемирените жители на Николиќ кои 4ти ден се со пожар во соседните ридишта и трета вечер со огнена ноќ денеска беа посетени од медицински тим на Брза помош при Општа Болница Гевгелија и им беше укажана помош на лицата од куќите кои беа најблиску до пожарот.
– „Беа третирани сите кои посакаа и се пожалија на било какви промени и чувства во однос на здравјето.
Сите граѓани на Николич кои во наредниве денови ќе осетат било какви тегоби, тешкотии во дишењето, печење на очи или било што нека го исконтактираат веднаш ИЛЕ ТАНОВ, претседателот на месната заедница Николич на телефон 078/307-139“ – напиша на социјалните мрежи зам.дир.на ЈП „Македонски шуми“ Кире Михаилов.