Антонио Пандовски трча 600 километри од Соборниот храм во Скопје до манастирот Острог. Oвој несекојдневен маратон Антонио го трча не за себе туку „За нашите мали херои“, за децата пациенти кои се борат со тешки дијагнози на Клиниката за детски болести во Скопје.
Целта е набавка на 6 вида медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести Скопје за кои се потребни 45.500 евра.
Антонио тргна со срце полно љубов. Целта е јасна: да собереме средства за купување неопходни медицински апарати што ќе им го подобрат животот и лекувањето.
📍 Денес е 10-тиот ден, и веќе Антонио е на половина од предвидената маратонска рута со истрчани 300,8 километри. Во моментот тој се наоѓа во Брус, Србија, откако досега ја помина следнава рута:
•Скопје – Куманово
•Куманово – Прешево
•Прешево – Врање
•Врање – Владичин Хан
•Владичин Хан – Предејане
•Предејане – Лесковац
•Лесковац – Ниш
•Ниш – Прокупље
•Прокупље – Блаце
•Блаце – Брус
Секаде го дочекуваат приврзаници на неговата хумана мисија. Вака Антонио беше пречекан во Ниш.
Секој изминат чекор на Антонио е чекор кон надеж, кон живот!
До овој момент собрани се повеќе од 4.500 € донации, но целта е многу поголема и потребата уште поголема.
– „Продолжуваме со борбата, чекор по чекор, срце до срце. Поддржи ја мисијата! Сподели, донирај, мотивирај!“ – порачуваат од Фндацијата „Ице Бегов“ кои се организатори на хуманитарната акција и поддржувачи на хуманитарниот маратон на Антонио.
Телефоните за донации се отворени за сите со добро срце:
A1 143-460
Telekom 143-403
Како да донирате
Банкарска сметка
НЛБ Банка:
210-0757979902-37
Назив:
Фондација Ице Бегов
Назнака:
Донација – За нашите мали херои
Девизна сметка
IBAN Code:
MK07210722000122190
SWIFT:
TUTNMK22