Пожарот кој шести ден беснее низ ридиштта над с.Николиќ, општина Доран го остави негибнат од огнот објектот на малата црква „Света Петка“ на неколку стотина метри над селото.
Огнот кој се „хранеше“ со нискостеблестата шума од смреки, прнар и ниски стебла денеска стаса до црквата „Св.Петка“, но само до првите клупи, кои иако дрвени, останаа негибнати и неоштетени од пожарот.
Денес е Св. Петар и Павле, огнот како да ја почитувал светоста на овој ден ја оставил црковната градба неопожарена.
Голем е Бог!
Видеото го направи зам.директор на ЈП „Македонски шуми“ Кире Михаилов, кој најави воздушна поддршка за сузбивање на пожарот над Николиќ, посакувајќи божја помош да се спаси планината и шумата.