понеделник, 14, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Нови Божји чуда за време на пожарот во Николиќ

Веќе седми ден горат ридовите над селото Николиќ, во општина Дојран, а тамошните жители сведочат за Божјото чудо кое им ги зачува црковните објекти неопожарени, не уништени, иако насекаде околу селото беснее огнот

јули 13, 2025
in ФОКУС
Нови Божји чуда за време на пожарот во Николиќ
0
SHARES
450
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Веќе седми ден горат ридовите над селото Николиќ, во општина Дојран, а тамошните жители сведочат за Божјото чудо кое им ги зачува црковните објекти неопожарени, не уништени, иако насекаде околу селото беснее огнот.

Освен малата црква „Св. Петка“ сместена во долот помеѓу два рида за која вчера пишувавме дека останала неопожарена, иако огнот беснеел низ родовите, денеска го имаме сведоштвото на жители од Николиќ кои велат дека Светиот крст кој се наоѓа на 500 метри над селото е неопожарен и ден денеска секоја вечер свети и ја дава Божјата закрила на селото.

Опожарен е целиот ридест дел над селото, како и 6 километри должинска линија од селото до границата со Грција: „Изгорена е и гората, и лозјата, и земјоделските посеви, се’ е пеплосано, само куќите останаа неопожарени, заштитени и без човечки жртви, вели за GevgelijaNet, донаторот на Светиот крст заедно со МЗ од селото, Ластов Костадин.

Исто така, неопожарена е и малата црква параклис сместена во селските гробишта, оддалечена 200 метри североисточно на горниот дел од селото со поглед кон Грција, која е на источниот брег од Дојранското езеро. Овде се’ изгорено, трева, дрвена опрема, само малата црква параклис „Св. Никола“ сместена во селските горбишта останала негибната од огнот.

Жителите на Николиќ немаат одговор зошто е тоа така, освен дека се работи за Божјо чудо, или Божја закрила над Николиќ, неговите жители, куќите на домаќините и светите објекти изградени од селаните за опслужување на религиозни обреди, чествувања, слави и православни празнични одбележувања.

Малата црква „Св. Никола“ на гробиштата во с.Николиќ

Николиќ, населба на северниот брег од Дојранското езеро, брои околу 700 жители, кое претежно се занимава со земјоделство, лозарство, градинарство, одгледување на маслинки. Вредните домаќини сведочат дека родот им е пеплосан, пред куќите на секоја стапка наместо земја имаат пепел, ама „Св. Петка“, „Св. Никола“ и Светиот Крст уште стојат негибнати, и’ пркосат на огнената закана и со светата жртва на Христос и црковните светци бдеат над селото.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/07/Video-Nikolic.mp4

И денеска од вкупно 14 пожари на отворен простор во државата активни се 4 пожари меѓу кои пожарот над с.Николиќ е еден од проблематичните за гаснење и активен веќе цела недела. Пет дена огнот се гаси и воздушно и од земја, но ветрот и понатаму разгорува стари згаришта, или пренесува искри на нова неизгорена шумска маса.

Ако помага Божјата милост ќе речеме: Амин Боже, да се спаси селото, планината, и селаните од нови непроспиени ноќи заради огнот кој се гледа од секој прозорец на домаќинските куќи, заради мирот кој им треба на луѓето, заради преморените пожарникари кои се секој ден на терен да интервенираат!

Related posts

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

јули 12, 2025
Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025
Пожарот ја загрозуваше фабриката „Дојран стил“
Оган и чад близу куќите, 7 дневно секојдневие за Николиќ

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

ShareTweetShareSend
Previous Post

Прва награда Гран При за Матеј Колев од Гевгелија на фестивал во Србија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Мбапе со порака после поразот во финалето на СП

Мбапе со порака после поразот во финалето на СП

3 години ago
ВИДЕО: Нова инвестиција вредна 2,7 милиони денари во Психијатриска болница Негорци

ВИДЕО: Нова инвестиција вредна 2,7 милиони денари во Психијатриска болница Негорци

7 месеци ago
Ѓоковиќ во големото финале на ЛОИ – сигурен носител на медал за Србија

Ѓоковиќ во големото финале на ЛОИ – сигурен носител на медал за Србија

11 месеци ago
Награда за пожарникарите од ТППЕ Гевгелија

Награда за пожарникарите од ТППЕ Гевгелија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Нови Божји чуда за време на пожарот во Николиќ
  • Прва награда Гран При за Матеј Колев од Гевгелија на фестивал во Србија
  • ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Нови Божји чуда за време на пожарот во Николиќ

Нови Божји чуда за време на пожарот во Николиќ

јули 13, 2025
Прва награда Гран При за Матеј Колев од Гевгелија на фестивал во Србија

Прва награда Гран При за Матеј Колев од Гевгелија на фестивал во Србија

јули 13, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist