вторник, 15, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

МВР: Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

јули 14, 2025
in MАКЕДОНИЈА
ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгеличанец вмешан во организирана криминална група за криумчарење мигранти имал задача „чистач“ на теренот пред да помине инкриминираниот товар

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 14.07.2025 до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица и тоа, против А.И. (46), Б.И. (26), двајцата од Куманово, Б.З. (28), В.Т. (38) и Р.Р. (19), тројцата од Скопје и В.Т. (56) од Гевгелија, сите за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 2 и став 4) во врска со кривично дело „соизвршителство“ (член 22) од Кривичен законик.

Related posts

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

јули 12, 2025
Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

јули 11, 2025

Гевгеличанец вмешан во организирана криминална група за криумчарење мигранти имал задача „чистач“ на теренот пред да помине инкриминираниот товар.

Еве ги наодите ма МВР од повеќемесечното истражување и координираната полициска акција:

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска операција во која е сузбиена шестчлена организирана криминална група, која подолг временски период била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на криумчарење на мигранти на територија на Република Северна Македонија. При реализацијата, спречен е и транспорт на шест мигранти од Кина, од кои едно малолетно лице.

Пронајдените мигранти – Фото: МВР

Имено, во период од април до 13 Јули 2025 година, А.И., Б.И., Б.З., В.Т., В.Т. и Р.Р., со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, во повеќе наврати извршиле криумчарење на илегални мигранти, со што се стекнале со значителна противправна имотна корист. Мигрантите на територија на РСМ биле илегално пренесувани од Србија, преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на с.Лојане, општина Липково, од каде со помош на водичи т.н. „качаци“, биле доведувани на претходно договорени локации. На овие локации, А.И. и Б.И. ги прифаќале мигрантите и со возила ги превезувале до локации во околина на Куманово, од каде Б.З. ги прифаќал и ги превезувал до околината на Гевгелија во близина на границата со Грција, каде пак ги прифаќал В.Т. и пеш ги упатувал до граничната линија со Грција на т.н. зелена граница. Како претходница т.н „чистач“ на сите транспорти на мигранти вршени од Б.З. бил В.Т., кој користел разни видови на патнички моторни возила. Криумчарењето на мигранти Б.З. го вршел така што, од возилата со кои го вршел транспортот ги отстранувал оригиналните регистарски ознаки и ставал регистарски ознаки кои потекнувале од други моторни возила, нерегистрирани или од возила кои биле претходно одјавени.

Фото: МВР

По претходен договор помеѓу А.И., Б.И., Б.З., Р.Р. и В.Т., на 13.07.2025 било организирано прифаќање, привремено засолнување и превезување на шест лица илегални мигранти од Кина, од кои едно малолетно лице. Б.И. како возач и А.И. како совозач во возилото, од околината на с.Лојане во близина на граничната линија помеѓу Србија и РСМ прифатиле шест мигранти и ги транспортирале до локација во близина на с.Пчиња. Таму Б.З. како возач и Р.Р. како совозач ги прифатиле мигрантите, а како т.н. „чистач“ бил В.Т.. При тоа, Б.З. не застанал на даден знак од полициски службеници туку почнал да се движи наназад со возилото во обид да избега, но за кратко време лицата се лишени од слобода, а пронајдени се и мигрантите од Кина.

Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Гази Баба во Скопје, а лишените од слобода се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Истовремено, на подрачјето на Гевгелија, поради претходно обезбедени докази, од слобода е лишен и В.Т..

Фото: МВР

Истиот ден (13.07.2025), постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории, издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси на вкупно пет локации на подрачје на Скопје и Куманово, при што се пронајдени и одземени три патнички моторни возила, мобилни телефони кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички, пари и др.

Сите шест криумчари се лишени од слобода вчера, а МВР им поднесе Кривична пријава, по што ќе следува понатамошна постапка пред ОЈО и судските органи.

На криминалните криумчари им се запретува казна затвор од 2 до 8 години по член 418-б став 2 и став 4 од КЗ, за првото дело „криумчарење мигранти“, а за второто дело „содружништво“ предвидена е казната да биде пропишана на секој од нив како дел од групата, бидејќи заеднички сториле кривично дело.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешко повреден 18 годишник во сообраќајка кај Стојаково

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Голгетерско торпедо – Димитар Узунчев од Гевгелија во ТОП 10 стрелци на Мундијалот

Голгетерско торпедо – Димитар Узунчев од Гевгелија во ТОП 10 стрелци на Мундијалот

3 недели ago
Средношколскиот тим во баскет од Гевгелија прваци на ЗОНСКО во Велес

Средношколскиот тим во баскет од Гевгелија прваци на ЗОНСКО во Велес

3 месеци ago
Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на Будимпешта

Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на Будимпешта

10 месеци ago
Кривична пријава за Гевгеличанец

Кривична пријава за Гевгеличанец

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец
  • Тешко повреден 18 годишник во сообраќајка кај Стојаково
  • Нови Божји чуда за време на пожарот во Николиќ

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

јули 14, 2025
Тешко повреден 18 годишник во сообраќајка кај Стојаково

Тешко повреден 18 годишник во сообраќајка кај Стојаково

јули 14, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist