Гевгелија рамна како тепсија е град со идеална конфигурација на теренот за да биде општоприфатен велосипедот како превозно и рекреативно средство.
Го возат и млади и стари, и жени и мажи, и вработени до работа, и стрини до роднини, и домаќини до пазар, и ожалостени до гробишта.
За децата е предмет за игра, за тинејџерите најбрз начин да стигнат до училишното игралиште каде има летни собирања и дружби.
Во Гевгелија можете да возите велосипед 🚲 со поздрав од сонцето 🌞и ветре во косите и секаде да стигнете расположени!