И пожарникарите, и пилотите со воздухопловите, и вработените во ШС “Кожуф”, и припадниците на АРМ, и локалното население со свој ангажман помогнаа во справувањето со огнената стихија над с.Николиќ, дојранско, но последен на огнот му пресуди булдожерот и неговиот возач-управувач Антонио Камберов.
Последните два дена Антонио беше по 12 часа на терен и со булдожерот го посипуваше опожарениот дел од шумскиот простор, правејќи земјени засеци, исчистени од шумска вегетација за да не се префтли огнот од другата стрсна на новооформениот шумски пат.
Оган, чад, прашина, жешко сонце го затекоа на работната позиција Антонио со неговиот булдожер, но задачата беше одговорна, а тој истраен и спремен да го стави пожарот во обрач.
После 9 дена пожарот кај Николиќ е под контрола, благодарение на оформената 34 km шумска патна линија околу опожарениот простор.
Булдожеристот Антонио е жител на с.Негорци, општина Гевгелија, искусен управувач со тешката механизација и последниот херој кој му пресуди на пожарот во дојранско.