четврток, 17, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

Седум парцели во КО Богородица на „Милци“ и една на „Горка“, со вкупна површина од 18.779 м2 проценети со вредност од 4,5 милиони евра се продадени за нецел милион евра

јули 17, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра
0
SHARES
1.8k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

За точно 916.113 евра се продаде земјиштето на екс директорот на УБВ, Сашо Мијалков во Гевгелија.

Електронската аукција се изврши завчера, и од Агенцијата за управување со одземен имот одговорија дека истата завршила успешно, пишува „Фокус“

Related posts

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025
ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

јули 14, 2025

– „Аукцијата за градежното земјиште на КО Богородица беше успешно завршена и истата се продаде во износ од 56.341.000 денари“, одговорија за ,,Фокус” од Агенцијата.

Оттаму појаснуваат дека се уште не можат да ги откријат останатите податоци, како и името на новиот сопственик бидејќи купувачот се уште не го уплатил понудениот износ.

Многу е веројатно дека на акуцијата бил пријавен само еден заинтересиран купувач, бидејќи од почетната цена, продажбата завршила со наддавање од само 4.000 денари.
Поточно земјиштето се продаваше со почетна цена од 56.337.000 денари, а се продаде за 56.341.000 денари.

  • „Почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Бирото за процени бр. CB/EL V 2/24-2 од 12.08.2024 година е во износ од 56.337.000 денари”, се појаснуваше во огласот објавен од Агенцијата за управување со одземен имот.
    Тоа значи дека проценителите оцениле дека ова земјиште, составено од 8 парцели, со вкупна површина од речиси 19.000 квадратни метри, вреди најмалку 49 евра од квадрат.
Парцелите кои се предмет на продажба во КО Богородица

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ПРОЦЕНИ ИМОТОТ ЗА МНОГУ ПОВРЕДЕН

Пред три години обвинителството јавно сподели дека се спогодиле со Мијалков, односно дека признал вина за случајот „Империја“, објавија детали за имотот што му го запленуваат. На долгата листа се најде и земјиштето во Гевгелија, запишан во катастарска општина Богородица, со ИЛ 1501. За официјален сопственик беше наведена компанијата „Бет Ком“, на која, пак, сопственик ѝ беше правното лице „Ексико“. Оваа офшор-компанија, пак, со пресудата за „Империја“ се утврди дека е на семејството Мијалкови.

Сите осум земјишта беа наведени со точна катастарска парцела и точна површина, а истите податоци се најдоа и во огласот на Агенцијата.

– земјиште лоцирано на КП 3178/4 викано место Милци, во површина од 97 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3180 викано место Горка, во површина од 309 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3181 викано место Милци, во површина од 15004 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3182 викано место Милци, во површина од 236 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3189 викано место Милци, во површина од 24 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3192 викано место Милци, во површина од 926 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3196/1 викано место Милци, во површина од 1918 м2 и
– земјиште лоцирано на КП 3205/1 викано место Милци, во површина од 265 м2.

Вкупната вредност, пак, беше пресметана на 276.750.000 денари или 4,5 милиони евра.
Оваа сума паѓа в очи кога ќе се види и актуелниот оглас за продажба, бидејќи направената проценка сега е многу пониска, односно разликата е во неверојатни 3,6 милиони евра!

Извор: Фокус

ShareTweetShareSend
Previous Post

21 годишник од Гевгелија завршил во притвор

Next Post

Полицајци Хуманитарци!

Next Post
Полицајци Хуманитарци!

Полицајци Хуманитарци!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

МЕТЕО АЛАРМ: Гевгелија и Југоистокот од земјава денеска и утре во портокалова фаза

МЕТЕО АЛАРМ: Гевгелија и Југоистокот од земјава денеска и утре во портокалова фаза

1 година ago
Цветанка Илиева – Менаџерка на годината за 2024 во избор на „Марили“

Цветанка Илиева – Менаџерка на годината за 2024 во избор на „Марили“

1 година ago
Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос

Заедничко управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос

2 години ago
Детскиот фестивал „Калинка“ се враќа на сцената

Детскиот фестивал „Калинка“ се враќа на сцената

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Полицајци Хуманитарци!
  • Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра
  • 21 годишник од Гевгелија завршил во притвор

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Полицајци Хуманитарци!

Полицајци Хуманитарци!

јули 17, 2025
Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist