понеделник, 1, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

Вчера на 16 јули 2025 година почина Крстина Делчева, првата председателака на Организација на жени на град Скопје ОЖС

јули 17, 2025
in ФОКУС
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
0
SHARES
835
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вчера на 16 јули 2025 година, почина Крстина Делчева, првата председателака на Организација на жени на град Скопје ОЖС. Голем активист за заштита на жените и нивните права, иницијатор за обезбедување простор за ТРАНЗИТНА ЖЕНСКА КУЌА за жени жртви на семејно насилство. Членките на ОЖС ќе ја паметат по нејзината голема хуманост, принципиелност и човечка природа.

Со оваа објава на социјалните мрежи од страна на Дивна Змејковска, претседателка на Синдикалната организација на Организација на жени при УНАСМ беше обзнанено дека ненадејно и тивко, во 82-та година од животот, замина од овој свет Крстина Делчева, родена Зарлинова, на 26.09.1942 во с.Смоквица,  во виорот на ВСВ.

Related posts

ВИДЕО: Во Гевгелија се одржа првиот турнир во „Goalball”

ВИДЕО: Во Гевгелија се одржа првиот турнир во „Goalball”

август 30, 2025
Спречен шверц на ГП „Богородица“ и ГП „Дојран“ за внес на салји со дијамантски прстени и цигари

Спречен шверц на ГП „Богородица“ и ГП „Дојран“ за внес на салји со дијамантски прстени и цигари

август 29, 2025

Како дете од послевоените генерации учеше посветено, заврши гимназија во Гевгелија, дипломираше компаративна книжевност во Скопје, по дипломирањето се вработи во ЈП „Комуналец“ Скопје, а по поделбата на претпријатието на повеќе комунални јавни претпријатија Крстина беше управител на „ЛУНА“ (популарниот забавен Луна парк) кој е во склоп на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Крстина Делчева, родена Зарлинова (1942-2025)

Млада, полетна, полна со оптимизам и храброст грабеше напред во животот, беше активна во Организацијата на жените и остана со последните свои атоми посветена на каузата за жените како рамноправен и важен дел од општествената заедница.

Беше посветена сопруга, сакана мајка на две деца, син и ќерка, грижлива баба на своите внуци.

Не ги забораваше своите корени. Често доаѓаше да го посети своето сакано родно место Смоквица, своите роднини, братучеди, со кои живееше во детството, со кои се гледаше на семејни веселби, свадби, за празници кога песната ги зближуваше сите.

За нејзиното човекољубие, отвореност, спремност да помогне секому, за идеите и впуштањето во незапирлив од кон остварувањата зборуваат и многуте посвети за неа напишани на социјалните мрежи. Еве дел од нив:

– „Оваа е жена која го истрасира патот на генерации жени кои денес како така имаат некој избор за разлика од генерациите на Кристина. Вистинска хероина Нека и’ е лесен патот во вечноста и огромно благодарам за нејзината борба за сите нас ♥️“ – напиша Билјана Несторова.

– „ Нека почива во мир нашата Тина. Горди сме сите смоквичани на нејзиното дело. Сочувство до фамилијата 😭😭😭“ – напиша Виолета Праматарова Христова.

– „Драга Кристина – драга пријателке. Остави голема празнина во нашите срца. Ти не беше само голем борец за женските права, туку и голем другар, пријател и хуманист. Осниваше мрежа на женски организации низ целата држава и им го подигна моралот на многу онесправени жени. Многу ќе ни’ недостасуваш. Нека ти е светол патот до вечното почивалиште. Почивај во мир. Сочувство до семејството“ – напиша Василка Цветковска.

– „Принципиелен способен човек со високи човечки квалитети, нека почива во светлина, сочувство до семејството“ – (Evuska Elezovikj).

– „Почивај во мир драга Кристина, ти беше мојата учителка за ова што го работам денес. Нека ти е светол патот кон вечното почивалиште“ (Loza Ilieska).

Тина, како што ја викат роднините и блиските, ќе остане запаметена како непокорлив борец за правата на жените, раководител кој водеше грижа за работниците, жена која негуваше особена посветена грижа кон децата, мил семеен лик, сакана мајка, тетка и баба.

Мило ни’ е што од нашиот крај се раѓаат така успешни жени, докажани професионалки и граѓански активистки, на кои сограѓаните со гордост се сеќаваат и паметат.

Светол ти пат Кристина! Смоквица не те заборава, Гевгелија те памети како гимназијалка, Скопје ќе се сеќава на твоите дела.
Биди нова светлина меѓу ангелите!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Next Post

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Next Post
Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Концерт на ЗИЈАН – ја исполни Гевгелија и срцата на гевгеличани со музика

Концерт на ЗИЈАН – ја исполни Гевгелија и срцата на гевгеличани со музика

3 недели ago
Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија

Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија

1 година ago
Тешко повреден гевгеличанец во сообраќајна несреќа

Тешко повреден гевгеличанец во сообраќајна несреќа

1 година ago
Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале
  • Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска
  • ВИДЕО: Во Гевгелија се одржа првиот турнир во „Goalball”

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале

Трагедија во БиХ: Младо момче загина во минско поле, сакал да ги спаси своите кози кои залутале

август 31, 2025
Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска

Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска

август 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist