петок, 18, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Фото историја - младината од Гевгелија учествувала на бројни младински доброволни работни акции низ градилиштата во братските републики од заедничката држава Југославија во 70 и 80 години од минатиот век

јули 18, 2025
in ФОКУС
Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава
0
SHARES
155
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Посветено по повод 50 годишнината од младинското акцијаштво во Гевгелија

Младинските работни акции, (на српско-хрватски Omladinske radne akcije, скратено ORA) биле начин на организирано едикативно-активно осознавање на младите од некогашната СФРЈ со трудот и потребата од општествен придонес кон изградбата на земјата после ослободувањето од ВСВ.

Related posts

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025
21 годишник од Гевгелија завршил во притвор

21 годишник од Гевгелија завршил во притвор

јули 16, 2025

Тоа биле организирани доброволни активности на младите во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кои како акции биле искористени за изградба на јавна инфраструктура како што се патишта, железници и јавни згради, како и индустриска инфраструктура.

Во тој дух на воспитување и ангажираност на младата генерација во втората половина од минатиот век има свој белег и младината од Гевгелија со учество на бројни младинци на доброволни работни акции низ градилиштата во братските републики од заедничката држава Југославија.

На фотографијата е дел од младинската бригада на Гевгелија која учествуваше на ОРА Крагуевац 1977 година каде гевгелиските младинци доброволно учествувале во изградба на канал за наводнување и довод за Крагуевац и околината, Република Србија. На оваа работна акција учествувале гевгелиски младински бригади три години по ред 1976, 1977 и 1978 година.

Освен Крагуевац, гевгелиските младинци учествувале и на ОРА Београд во изградбата на автопатот Белград – Ниш, на ОРА за изградбата на патот Катланово – Скопје и други.

Бригадите броеле по 50 истакнати младинци доброволци членови на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија, Општинска организација Гевгелија, средношколци, истакнати работници, студенти. Во бригадите учествувале и младинки, девојки, околу 10% од составот.

Командант на бригадата бил истакнат младинец организатор, кој уживал доверба кај младите, со високи организациони способности. Во архивата на ССММ ОО Гевгелија забележани се носителите на функцијата командат на бригада Перо Цуклев од Миравци и Милош Мичо Николиќ од Негорци.

Ова е групна фотографија на свеченото испраќање на гевгелиската младинска бригада за Белград 1977 година. Тие се испратени пред зградата на Општинскиот Комитет каде беа и мадинските простории на ССММ Гевгелија, а со свечен поздрав од Претседателот на ССММ ОО Гевгелија Ангел Алчинов, секретарот на ОО на ССММ Гевгелија Јованка Дојранлиева, Секретарот на Извршниот Совет на Гевгелија Томе Карајков.

На фотографијата ќе ги препознаете професорот Петко Смилков, Стојан Ризовски, Раденков, Ристо Ќорнаков тогаш гимназијалец, Пенка Стафидова…

Младинска работна бригада од Гегелија – испраќање за ОРА Крагуевац 1977

Со желби за среќен пат и успешна работа сите се оптимистички насмеани пред поаѓање на работната акција. Но, желбите не беа само замисла туку и вреден ангажман на гевгелиските младинци. Во Белград гевгелиската бригада „Јосиф Јосифовски“ беше прогласена за најуспешна младинска бригада на акцијата. Признанието им беше доделено на гевгеличани во посебна пригода организиирана во Белград каде учествувала и делегација од гевгелиски младински функционери и од Извршниот Совет на општината.

Сретко Јованов, Ангел Алчинов, Ристо Котев, Стојан Ризовски, Томе Карајков, Владимир Ортаков, Перо Шимов … (од лево на десно) – гевгелиска делегација во посета на ОРА Белград 1978

Младите во работните бригади од Гевгелија активно учествуваа и на градилиштата, и на сите вон работни активности во акцијашката населба: креирање на ѕиден весник, акцијашки вести, состаноци на младите во „Бригадно Собрание“, музика и песна покрај логорските огнови. Овде се раѓаа симпатии, другарства, пријателства кои траат со децении, а младоста и убавината носеше и титули за забава како прогласување на најубавата младинка акцијаш на „ОРА Крагуевац 1977“ и погодувате, тоа беше убавина од југот на СФРЈ, од Македонија, гевгелиската гимназијалка Станка Стефанова.

Пред поаѓање на ОРА Крагуевац – Томе Карајков, Стојан Ризовски, Милош Николиќ и Ангел Алчинов (од лево на десно)

После Втората Светска Војна, акциите биле многубројни и масовни и младинските бригади дале значителен придонес во обновата на земјата, која била тешко уништена од војната. Покрај евтината работна сила за државата, младинските работни акции обезбедиле форма на бесплатен одмор за тинејџерите.

Изградба на делницата „Белград – Бар“ – ОРА Белград

Работа, бесплатен одмор, другарство. Сепак, важни проекти беа изградени минатиот век од младинските работни акции како што се: железницата „Брчко-Бановиќи“, железницата „Шамац-Сараево“, делови од Нов Белград и делови од автопатот „Братството и единството“, кој се протега од северна Словенија до јужна Македонија.

Архивските податоци велат дека во текот на младинските работни акции, додека тие се изведувале после војната до 80-те години на минтиот век, биле ангажирани над два милиони младинци. Најголемите акции се одвивале после војната од 1942 до 1956 година. Потоа настапиле ОРА кои значеле младински агажман, работа, спознавања, другарство. Тие дале придонес во изградбата на многу инфраструктурни и јавни објекти во државата, како и цел Нови Београд кој е изграден од трудот на младинците. Сојузното собрание на СФРЈ во 1946 година го прогласи 1 април за Ден на младинските работни акции.

За сите некогашни младинци акцијаши еден другарски поздрав: „Акцијаши ЗДРАВО!“
Ви благодариме за трудот и вложеноста во изградбата на нашата тогашна заедничка држава со братските југословенски републики, СФР Југославија!
Градевте БРАТСТВО, градевте љубов, градевте држава!

ShareTweetShareSend
Previous Post

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Децата од Школата за атлетика од Гевгелија на прв меѓународен настап во Грција

Децата од Школата за атлетика од Гевгелија на прв меѓународен настап во Грција

1 година ago
Гевгелија 152 години железничка трансферзала

Гевгелија 152 години железничка трансферзала

3 месеци ago
ВИДЕО: Турција го лансираше првиот сателит од домашно производство „Турксат 6А“

ВИДЕО: Турција го лансираше првиот сателит од домашно производство „Турксат 6А“

1 година ago
Македонија со реми против Австрија ја стартуваше главната фаза од СП 2025

Македонија со реми против Австрија ја стартуваше главната фаза од СП 2025

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава
  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

јули 18, 2025
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist