Планинарот и посветен спортист Стоилко Стоичев, член на ПСК „Даб“ од Дојран денес го развиори знамето на својот матичен спортски клуб ЗПСК ,,Даб” на врвот „Yukhin Peak“ кој е лоциран на 5.100 мнв.на Памир масивот во Киргистан.
Ова е уште еден врв од низата врвови кои ги искачил Стоилко во текот на изминатите 8 години од кога посветено се бави со планинарење. Досега искачил над 260 врвови повисоки од 2.000 метри надморска височина.
Куриозитет на оваа вест е што Стоилко има 98% оштетување на видот кој го изгубил на 21 година старост, а успева и со таков хеникеп да се справи со планините, некогаш суровите услови и врвовите.
Иако со хендкеп Стоилко е посветен спортист, ги обожава планините и тие пријателски го примаат иако е со хендикеп. Вели дека има искачено многу светски врвови. Последниот светски врв беше искачувањето на врвот „Ухуру“, највисокиот врв на Африка.
Желба на Стоилко е да ги искачи сите седум врвови во седумте светски континенти и со тоа тој би бил првиот македонец со хендикеп кој го постигнал тоа и вториот планинар во Светот кој како лице со хендикеп го постигнал тоа. До неговата желба има уште искачувања и предизвици.
За својата извонредна спортска активност тој до сега три пати по ред е прогласуван за најдобар спортист на градот Скопје, каде живее. Таа титула ја понесе и за 2024 година
Неговото животно мото е да го живее животот со полна плуќа, па затоа порачува:
– „Максимално да го искористиме животот, зошто не знаеме што не очекува. Главата нагоре и само напред“ – вели Стоилко Стоичев.
