петок, 5, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Свечено отворена Европската Младинска Олимпијада во Скопје, Македонија

Скопје, Куманово и Македонија една недела ќе пулсираат како Европски центар на младоста, Олимпизмот, спортските резултати и младински достигнувања, како домаќини на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) Скопје 2025

јули 21, 2025
in СПОРТ
Свечено отворена Европската Младинска Олимпијада во Скопје, Македонија
0
SHARES
98
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, вчера вечер официјално беше отворен најголемиот мултиспортски настан досега одржан во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) Скопје 2025.

Со импресивен и емотивен почеток, официјално започна седумдневната спортска и културна манифестација (која се одржува од 20 до 26 јули), која ги здружи младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, пријателство и солидарност.
EYOF Skopje 2025 ќе биде домаќин на повеќе од 4000 спортисти и службени лица од 50 европски делегации, а ќе има и над 700 волонтери од цела Европа. Фестивалот ќе вклучува 15 спортски дисциплини.

Related posts

Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

септември 5, 2025
НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025

Церемонијата започна со уметнички настап на четири тапанари од Скопскиот оркестар Drumroll и вокалистката и харфистка Сара Мејс, кои ги споија традиционалните звуци со модерниот музички израз во жива комбинација од ритам, движење и визуелна уметност.

Потоа следеше националната химна на Македонија, изведена во живо од Хорот на Националната опера и балет, придружена со кревање на националното знаме.

Еден од најважните моменти на вечерта беше Парадата на народите, за време на која спортистите од сите 50 делегации учеснички – вклучувајќи го и тимот за бегалци на EOC – гордо маршираа низ арената со своите национални знамиња, носејќи пораки за единство и заедничка европска иднина.

Делегациите добија топол аплауз и срдечен добредојде од публиката.

Воведниот говор го одржа Спирос Капралос, претседател на Европските олимписки комитети, кој ја нагласи улогата на EYOF во промовирањето на младинскиот спорт и културната размена.

  • „Овие Игри се повеќе од само медали – тие се за учење, поврзување, споделување и живеење на олимписките вредности: извонредност, пријателство и почит. За многумина од вас, ова може да биде вашето прво големо меѓународно искуство, но она што ќе го понесете се пријателствата, спомените и чувството на припадност кон едно големо европско олимписко семејство“, рече Капралос.

Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, потоа се качи на сцената и официјално го прогласи EYOF за отворен.

  • „Голема чест е за нашата земја да биде домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал, кој собра околу 4.000 спортисти кои го претставуваат најдоброто од сегашноста и гарантираат светла иднина за европскиот и глобалниот спорт. Овој фестивал е многу повеќе од натпревар – тој е симбол на младоста, спортскиот дух и единството. Тоа е можност за нашата земја да покажеме дека сме љубезни домаќини, дека имаме спортски дух и дека сме подготвени да ги пречекаме сите со отворени срца. Верувам дека сите учесници ќе си заминат со силни впечатоци, нови пријателства и вредности што ќе ги носат со себе за цел живот. Со голема чест, го прогласувам Европскиот младински олимписки фестивал официјално за отворен“, рече претседателката Силјановска Давкова во своето обраќање.
Олимпискиот оган беше запален на Кале и ќе гори до крајот на Европските младински Олимписки игри, до 26 јули 2025

EYOF Skopje 2025 ќе се одржат натпревари во 15 спортови: атлетика, пливање, кошарка, кошарка 3×3, ракомет, одбојка, џудо, уметничка гимнастика, друмски велосипедизам, планински велосипедизам, кану слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и теквондо. Натпреварите ќе се одржат на спортски објекти со меѓународни стандарди во Скопје и Куманово, Додека уметничка гимнастика настаните ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европските олимписки комитети и Хрватскиот олимписки комитет.

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: АНТОНИО ПАНДЕВСКИ УСПЕА во својата хуманитарна мисија за болните деца од рак!

Next Post

Цветен дочек на ГП „Богородица“ кај Гевгелија

Next Post
Цветен дочек на ГП „Богородица“ кај Гевгелија

Цветен дочек на ГП „Богородица“ кај Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Koи се најпрофитабилните дејности и фирми во Гевгелија

Koи се најпрофитабилните дејности и фирми во Гевгелија

1 година ago
ВИДЕО: Пет години од испраќањето на д-р Петков кон Монт Еверест

ВИДЕО: Пет години од испраќањето на д-р Петков кон Монт Еверест

2 години ago
Денес, 1 декември, стартува ефтината дневна тарифа за домаќинствата

Денес, 1 декември, стартува ефтината дневна тарифа за домаќинствата

2 години ago
Концерт на ЗИЈАН – ја исполни Гевгелија и срцата на гевгеличани со музика

Концерт на ЗИЈАН – ја исполни Гевгелија и срцата на гевгеличани со музика

4 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“
  • НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025
  • Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

Четири Пехари освоија Никола и Тамара на „Загреб Опен 2025“

септември 5, 2025
НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist