Денес Гевгелија се подготвува да ги издржи прогнозираните 42°C под сенка.
Вакви екстремно високи температури ќе бидат присутни се’ до саботата.
Препорака е да не излегувате на отворено сонце во периодот од 11 до 17 часот, да носите лесна и светла облека, да пиете редовно вода и течности за да не дехидрирате на жештиниве.
Чувајте го здравјето.
Управата за хидрометеоролошки работи најави дека ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе биде под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) со сончеви и многу топли денови, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервалите:
– Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38 степени Целзиусови;
– Полошкиот регион од 32 до 38 степени Ц;
– Пелагонија 38 до 40 степени, и
– Скопски, Вардарски и Југоисточен регион од 38 до 42 степени Целзиусови.
Почитувајте ги здравствените препораки додека трае топлотниот бран и не се изложувајте на сонце.
Фото: Центарот на Гевгелија утрово, озарен со јако сонце