Николиќ после страотниот пожар – гламји и пепел
Гламјосани недогорени стебла, ридишта покриени со пепел, остатоци од коски и оклопи на животни кои настрадале во пожарот, уништена вегетација на километарски шумски атар над с.Николиќ, дојранско.
Пожарот започна на 7 јули во близина на с.Асанли, дојранско, а ветрот го донесе над Николиќ, со закана 4-от ден да загрози куќи и имот на населението.
На 15 јули беше ставен под контрола, а денеска конечно ЦУК објави дека пожарот во Дојран, (Николиќ) е изгаснат.
Цели 16 денови траеше огнената апокалипса над Николиќ, но силите на ТППЕ од Гевгелија и регионот, како и ДППД Дојран, помогнати од припадници на АРМ, вработени од ДЗС, од ЈП „Национални шуми“, со помош на воздухопловите на АРМ, МВР, на ер тракторите на ДЗС и авиони канадери од Грција огнот го ставија најпрво под контрола, а после една недела целосно е изгаснат.
Огнениот пекол заврши. Да не се повтори 🙏