Најмалите од општина Гевгелија на возраст од 7 до 12 години и годинава ќе имаат можност да посетуваат бесплатни часови за пливање, ова лето 2025.
Ова го овозможува Општина Гевгелија која веќе објави Јавен поник за учество на деца на бесплатни часови по пливање.
Обуката ќе ја изведува сертифициран спортски инструктор и тоа три пати неделно, а местото за обука ќе биде базенот „Coconut“, поранешниот гевгелиски базен „Фатаморгана“ (сега со нов сопственик и ново име).
Сите заинтересирани да учествуваат на обуката за пливање тоа можат да го сторт од утре, вторник 29 јули до четврток 31.07 во просториите на Општина Гевгелија (Голема сала) од 10:00 до 12:00 часот.
Направете му едно летно изненадување, со учење на вештините на пливањето на вашето дете и можност за другарување и разладување, ќе ви биде благодарно.
Органзаторот на обуката не известува дали е бројот ограничен. Затоа побрзајте, зграбете ја шансата вашето дете да ги научи основните пливачки вештини и преку спортска едукација да има здрав психо-физички развој.
Од Локална самоуправа истакнуваат дека со овие активности и програми се охрабруваат здравите навики кај децата.
За приказ, ова е работната средина на обуката за пливање – базенот „Фатаморгана“ со ново име „Coconut“ и градскиот лик Павле Зелев.
