Денеска попладне пред 16 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија се случила сообраќајна несреќа меѓу две возила од кои едното се запалило. Обидувајќи се да го изгаснат патниците излегле од автомобилот, но пожарот се проширил кон шумскиот појас во близина на автопатот. Возилото било со македонски регистарски таблички со ознака „KU“.

Веднаш интервенирале ТППЕ Гевгелија со две ПП возила и 4 пожарникари. Пожарот во возилото бил веднаш саниран, но шумскиот пожар ги ангажирал гевгелиските пожарниари се до 18:30 часот кога огнената закана била елиминирана. На помош пристигнал и тим на ТППЕ Неготино со едно возило и 3-ца пожарникари. После 18:30 часот на теренот останаа да дежурат вработени од ЈП „македонски шуми“ со цел да ги елиминираат појавите на нови разгорувања на веќе изгаснатиот терен од пожарот.

За среќа нема повредени од опожареното возило кое имало македонски регистарски ознаки, а добри се и патниците од другото возило кое учествувало во сообраќајката.
Локацијата на удесот е некаде после Удово, пред тунелите на Демир Капија.
Брзата интервенција на гевгелиските пожарникари била пресудна да се спасат унесреќените од возилото и да се елиминира пожарот во шумскиот појас кој го придружува автопатот „Пријателство“.
Ова докажува дека топлото време, празничната раздвиженост не ги остава без работа пожарникарите од ТППЕ Гевгелија – празникот го поминаа во дежурство, во приправност за помош, а сепак имаа средба со огнот и потребата стручно и навремено да ја совладат заканата.


Среќен крај на едно недовршено патешествие на семејството од Куманово, сите се живи и здрави, страдаше семо возилото. Материјалната штета ќе се надокнади, животот треба да се заштити. Во тоа помогнаа несебично и спремно пожарникарите.
Среќен празник пожарникари! Имајте мирен остаток од денот!