Најавеното невреме со дождови, грмотевици и можни врнежи од град што ги прогнозираше УХМР денеска попладне се оствари во Скопје и во северниот, северозападниот и централниот дел од Македонија.
Според првичните информации, најтешко се погодени населбите од центарот кон западниот дел од градот Скопје – Буњаковец, Карпош, Тафталиџе, Козле. Во половина Скопје пред 18 часот беше мрачно како да е ноќ, а ветерот, дождот и градот предизвикаа хаос во повеќе населби. Засега нема информации за посериозна штета од силното невреме.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека слична нестабилност е забележана и во Велешко, како и Кривопаланечко и Штипско, а нестабилната облачна маса има и во Прилеп, Неготино, Демир Капија. Засега нема информации за евентуални штети.
Ваква беше состојбата со врнежи од град и поплавени улици во Шутка: