Врнежите од дожд ширум републиката стасаа и до Дојран и езерото Дојранско.
Овде за изминатите 24 часа наврнаа 8 литри дожд на 1 метар квадратен, што донекаде ги компензира летните испарувања од езерото во овие топли месеци.
Повеќе врнежи беа регистрирани пред три дена кога во регионот на Дојран наврнаа 25 литри дождовна маса на 1 м2.
Тоа значи вкупно 43 l/m2 водена маса во езерото на почетокот од август годинава.
Овие податоци се земени во дождомерната станица во Дојран од овластениот мерач на УХМР.
Испарувањата на езерото во текот на летото се присутни, а дождовите се добредојдени за обнова на воденото ниво. Во моментот тоа е 34 сантиметри над нулта („0“) котата, вели Злате Талески, овластено лице за хидрометеоролошки податоци од овој крај за потребите на УХМР.
Нека се полни, нека живее езерото!