Во несреќата учествувале две возила: патничко моторно и товарно возило, едно лице се здобил со тешки телесни повреди, а друго лице со телесни повреди
На 04.08.2025 во 06:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистралниот пат Демир Капија – с.Удово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Oпел Aстра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.У.(47) од Нов Дојран и товарно возило „Mан“ со полуприколка со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.П.(55) од с.Пирава, валандовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Ѓ.У. од Нов Дојран, додека со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, В.П. од село Пирава, констатирани во здравствена установа.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
Фото: Архива на МВР