Најавеното невреме со дожд, грмежи, а понекаде и врнежи од град се остварија во поголемиот дел од државата, во североисточниот и централниот регион. Не беше заобиколена ниту Гевгелија.
Најинтензивни беа врнежите синоќа од 20 h до изутрина во 08 h, кога наврнаа 40 l/m2 дожд.
Утрово за само 2 часа наврнаа уште 17 литри дож на 1м2 до 10 часот.
УХМР известува дека најмногу дожд има наврнато во Крива Паланка (91 l/m2), потоа Виница (68), Берово (46).
Следуваат Прилеп и Велес со наврнати 27 l/m2, 17 Скопје – Зајчев Рид, 16 Тетово, 14 Штип, 13 Скопје-Петровец, 9 Битола, 8 Кавадарци, 7 Куманово, Крушево, 6 Тополчани, 5 Демир Капија, 3 Струмица, 2 Претор и 1 Маврови Анови.
(Ова се количини измерени на мерните места на УХМР од 15 часот вчера до 08 часот изутринава).
Земјоделците му се радуваат на благородниот дожд, но не и на градот, бидејќи мудро проценуваат: “Што остана род од сушата, го столчи градот”.
Град врнеше во Скопје, Крива Паланка, Велес и направи поплави по улиците, штети по посевите.
Гевгелија изгледаше убаво оросена после благородниот дожд за кој земјата беше цел месец жедна.
Дождот се најавуваше уште вчера попладне пред заоѓање на денот, со опсада од темни облаци над Гевгелија. Во 18 часот суперкелиски облак стаса во Велес, почна да се движи невремето кон Демир Капија, и за непол час ја преминаа Демиркапијската клисура и се закануваше да се истурат на југот. Ова е најавата од небото пред 20 часот, вчера, понеделник: