Третиот летен турнир на кој настапуваше младиот гевгелиски тенисер Александар Грујиќ му донесе нов трофеј во рамките на „Tennis Europe“ U16.
Заедно со Стефан Мојсејев од Србија и Александар од Македонија настапија во двојки и освоија трофеј за ТРЕТО место.
Ова беше настап на „Килкис Куп“ во Грција.
Во првото коло Александар и Стефан одиграа за победа со Artem Mykoluik од Украина и Haralampos Toxmahidis од Грција кои ги победија со резултат од 3 : 0, или 6-7; 6-3; 10-4 во сетови.
Во второто коло има повторно победа со 2 : 0 над двојката во состав George Karagioules и Giorgos Mpouskos од Грција, и тоа со резултат 7-5; 6-2.
Во полуфиналето се соочија во дуел со Zadig Dobrinne и Enzo-zephyr „LE CADRE“ од Франција. Овде резултатот беше 2 : 0 за французите (6-4; 6-1 во сетови). Овде Александар и Стефан запреа на патот до финале со освоениот трофеј за трето место.

Ова е петти турнир и петти трофеј годинава во натпреварувачката сезона 2025 на „Tennis Europe“ U16, европската асоцијација на млади надежни тенисери од земјите од европскиот континент, за најтрофејниот гевгелиски тенисер.
Минатата недела Александар со партнер од Бугарија во двојки освои пехар за ПРВО место. Викендов што помина со новиот тениски партер од Србија се заќити со трофеј за трето место. Вкупно има освоено 3 ПРВИ места, едно СРЕБРО и два трофеја за ТРЕТО место, сите во 2025 година.
– „Ова немаше да биде можно да не беа тука на располагање тениските терени на мотел „Сенатор“ и „Coconut pool and Lounge Bar“ кои овозможија терен да тренирам и подготвено да се соочам со европските тениски јуниори“ – изјави Александар Грујиќ.
Да потсетиме Александар има 15 години и се напреварува со јуниори и поголеми од него, и победува, и освојува трофеи.
Браво момче!