Габи Новак, вдовицата на Арсен Дедиќ и една од најпознатите дами на хрватската поп-сцена, но и една од легендите во поранешна Југославија, почина на 89-годишна возраст.
Новак почина еден месец после смртта на нејзиниот единствен син, Матија Дедиќ, а хрватските медиуми пишуваат дека „срцето ѝ пукнало од тага“ и веќе не сакала да живее.
Габи последните години од животот ги помина во дом за стари лица, каде што и почина.
View this post on Instagram
Познатата пејачка е родена во Берлин на 8 јули 1936 година.
Пред Втората светска војна нејзините родители се преселиле во Загреб, а таа ги поминала воените години на Хвар, родното место на нејзиниот татко. На самиот крај од војната нејзиниот татко бил убиен под неразјаснети околности, па со мајка си се преселила во Загреб.
Почнала да настапува кон крајот на 1950-тите, а поради препознатливиот глас, набрзо станала една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена.
Пеела и поп и џез, а во текот на 1960-тите стекнала голема популарност и многу музички признанија.
View this post on Instagram
За време на својата богата кариера, снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари.
Последниот албум во издаде во 2006 година наречен „Златна колекција“.
Својата последна песна, „Почетак“, ја испеа заедно со Данијела Мартиновиќ, а во нејзиното креирање беше вклучен и синот Матија.
Била мажена двапати пред да се омажи за Арсен – прво за Борис Дебењак, а потоа за Стипица Калоѓера.
View this post on Instagram
За вториот сопруг, Арсен Дедиќ се омажила во 1970 година, а три години подоцна го родила синот Матија.
Парот беше заедно до неговата смрт во 2015-та година.
View this post on Instagram
Eдно музичко сеќавање за Габи – песната „Vino i gitare“, која стана заштитен знак на Габи, ја направи Стипица во време кога беше во брак со музичката дива. Текстот, пак, за оваа песна е на Арсен.