Денеска (14.08.2025) во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „Пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „Џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58).
Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.08.2025 во 12:15 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија е пријавено дека кај нив бил донесен со тешки телесни повреди Д.С.(22) од Гевгелија. Според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на објект во живинарска фарма во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 13.08.2025 во 22:00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода Х.Б.(34) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола е констатирано дека тој е баран по потерница од Интерпол-Швајцарија. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.