сабота, 16, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Кривична пријава против седум лица и едно лице лишено од слобода за случајот со ФК „Кожуф“ – „Башкими“

Кривичните пријави се поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, одигран на 06.05.2025 година, што одговара на кривично дело „измама“, „неовластено давање на подароци“ и „соизвршителство,“ кривични дела кои се казниви по КЗ

август 15, 2025
in СПОРТ
Кривична пријава против седум лица и едно лице лишено од слобода за случајот со ФК „Кожуф“ – „Башкими“
0
SHARES
328
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена предистражна постапка, а по насоки на ОЈО Гевгелија, ОКП поднесе кривична пријава против:

– Б.Х., претседател на ФК „Башкими“ од Куманово за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено давање на подароци“ по чл.253-а ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ;
– против П.Ѓ., спортски директор на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено примање на подароци“ по чл.253 ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ,
– како и против А.Ј., фудбалер на ФК „Башкими“, С.Г., тренер на ФК „Кожуф“, Б.К., Ј.П. и К.С., тројцата фудбалери на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл. 247 ст. 6 и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ.

Related posts

ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир “АУРОРА 2025” Гевгелија

ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир “АУРОРА 2025” Гевгелија

август 15, 2025
Гевгелија домаќин на 5-от јубилеен шаховски турнир за слепи лица

Гевгелија домаќин на 5-от јубилеен шаховски турнир за слепи лица

август 14, 2025

Имено, првопријавениот Б.Х. во својство на претседател на ФК „Башкими“, со намера за својот фудбалски клуб да оствари пласман во Првата македонска фудбалска лига, или бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига, на фудбалски натпревар одигран на 06.05.2025 во Гевгелија помеѓу екипите на ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, ги довел во заблуда Фудбалската федерација на Македонија и останатите клубови – членки на Федерацијата и ги држел и одржувал во заблуда со прикривање на факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар, или наместен резултат на спортската игра, со неовластено давање на подароци на второпријавениот П.Ѓ. со намера истиот да ги запостави интересите на ФК „Кожуф“ и Фудбалската федерација на Македонија, што го организирала натпреварот, за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, на начин што првопријавениот преку третопријавениот А.Ј. договорил средба и обезбедил телефонски контакт од второпријавениот П.Ѓ., на која средба присуствувале прво, второ и трето пријавениот, при што второпријавениот се согласил да прими и примил подарок од првопријавениот- пари во вредност од 10.000 евра, за себе и други лица.

П.Ѓ. пак по примањето на наградата, преку С.Г. влијаел врз Б.К., Ј.П. и К.С., кои прифатиле да не покажат доволно ангажирање на натпреварот согласно со нивните спортски можности и фудбалската игра, запоставувајќи ги интересите на ФК „Кожуф“, а во корист на ФК „Башкими“, со што на натпреварот бил постигнат резултат 1:2 во корист на ФК „Башкими“ и со така освоените три бода им овозможиле на ФК „Башкими“ да се пласираат на третото место во Втората македонска фудбалска лига, со што се стекнале со можност да играат во бараж за пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Еден од пријавените по насоки на јавен обвинител е лишен од слобода за обезбедување дополнителни докази и спроведен во ОЈО Гевгелија за натамошна постапка.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Почина Слободан Џониќ (1963-2025)

Next Post

ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир “АУРОРА 2025” Гевгелија

Next Post
ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир “АУРОРА 2025” Гевгелија

ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир "АУРОРА 2025" Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Гевгелија во есенски бои

ВИДЕО: Гевгелија во есенски бои

9 месеци ago
Малиот трубач Атанас, музичка атракција на групата „Гевгелиски мелос“

Малиот трубач Атанас, музичка атракција на групата „Гевгелиски мелос“

11 месеци ago
Близу 15.000 македонски граѓани на продолжен викенд во Грција

Близу 15.000 македонски граѓани на продолжен викенд во Грција

1 година ago
Стефан Ѓоргиев – Македонски шампион во бодибилдинг на NPC натпревар

Стефан Ѓоргиев – Македонски шампион во бодибилдинг на NPC натпревар

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир “АУРОРА 2025” Гевгелија
  • Кривична пријава против седум лица и едно лице лишено од слобода за случајот со ФК „Кожуф“ – „Башкими“
  • Почина Слободан Џониќ (1963-2025)

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир “АУРОРА 2025” Гевгелија

ВИДЕО: Започна 5-тиот Меѓународен шаховски турнир “АУРОРА 2025” Гевгелија

август 15, 2025
Кривична пријава против седум лица и едно лице лишено од слобода за случајот со ФК „Кожуф“ – „Башкими“

Кривична пријава против седум лица и едно лице лишено од слобода за случајот со ФК „Кожуф“ – „Башкими“

август 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist