Вчера, по долго и тешко боледување во 62-рата година од животот почина Слободан Џониќ.
Беше активен општествен и професионален лик во општина Гевгелија, поранешен член на Советот на општина Гевгелија.
По професија беше дипломиран д-р по ветеринарна медицина. Првото вработување го реализира во единствената Јавна установа по ветеринарна медицина во Гевгелија, а подоцна со трансформацијата на капиталот од општествен во приватен стана долгогодишен директор на „Ветеринарна станица“ Гевгелија.
Последната функција која ја извршуваше беше во ЈКПУ „Затвор“ Гевгелија каде беше директор од 2018 до 2024 година.
Погребот ќе биде извршен утре, сабота, 16 август, а роднините и пријателите ќе можат да му оддадат последна почит во Градската капела каде ќе биде изложен неговиот одар од 09:30 до 11 часот.
На социјалните мрежи до Слободан Џониќ последен опрост испраќаат партиските колеги од СДСМ Гевгелија и членовите од колективот на ЈКПУ „Затвор“ Гевгелија, каде оставил впечатоци на вреден работник, општествен борец и кооперативен директор.
Вечен помен!